Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржа традиционалната 21-ва Тортијада

Во хотелот „Цар Самуил“ во Бања Банско се одржа традиционалната 21-ва Тортијада во организација на ЗТИЛ „Мобилност” од Струмица. На Тортијадата учествуваа Здруженија на лица со телесен инвалидитет од 12 градови од Македонија. Беа подготвени 11 торти а најдобрите 3 беа наградени.

Меѓу гостите беа и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, градоначалникот Коста Јаневски, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот.

Градоначалникот Јаневски ги поздрави присутните и рече дека тортите се вистински ремек дела, направени со голем труд и љубов и посака уште многу години да се гледаат заедно и восхитуваат на секоја нова торта и на секој заеднички напредок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.