Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Урбаната опрема во градот повторно уништена

Вандали доцна во ноќта ја демолирале урбаната опрема која го украсува плоштадот “Гоце Делчев“ во Струмица. Превртени и уништени се жардинерии со цвеќиња.

Најголем дел од граѓаните ги осудуваат ваквите вандалски постапки, за кои велат дека најверојатно се дело на млади луѓе  кои под дејство на алкохол во вечерните часови вршат уништување на предметите кои се потреба за сите.

Од ЈПКД “Комуналец“ – Струмица го осудуваат вандализмот и повторно апелираат и понатаму за подигање на свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.