Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Габрово се асфалтираат улици, се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади

Во Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на долгоочекуваниот проект – довршување на филтер станицата. Се очекува до крајот на ноември да биде инсталирана одредена опрема која што ќе овозможи квалитетна и чиста вода за пиење – истакна градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски.

Веднаш потоа следува и тестирање на водоводните линии, па во догледен период, цел тој систем ќе биде ставен во употреба.

Во ова населено место моментално се изведуваат и каскадите кои што треба да ги смират водите кои неконтролирано доаѓаат од падините на планината Беласица и кои во неколку наврати знаеја да направат штета. Тие се таканаречни базни прегради кои што финишираат и со тоа ќе биде решен еден голем проблем.

Исто така, Јаневски најави и дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплицирале со проект за реконструкција и пробивање на туристичката патека која што води до водопадите на ова населено место и кои се позната туристичка атракција, посебно, пробивање до третиот, односно, највисокиот и последен водопад.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.