Локалното координативното тело за заштита од дискриминација и „Мрежата за заштита од дискриминација“ денеска организираа јавна трибина за промовирање на новиот закон за спречување од дискриминација.
Според Нела Масалковска координаторка на Локалното координативно тело за спречување од дискриминација, истото е формирано во 2016 година и го сочинуваат одредени релеватни актери во општина Струмица и тоа: кординаторот за еднакви можности на општина Струмица, Народниот правобранител, Подрачната канцеларија на министерството за правда во општина Струмица, како и граѓански организации кои што работат на бесплатната правна помош, како и за спречување на дискриминацијата.
Ова тело работи согласно Законот за еднакви можности и Законот за спречување на дискриминација и неговата цел е создавање една фер општина за сите граѓани коишто ќе бидат еднакви и рамноправни.
Во 2019 година Локалното тело подготви Акциски план за заштита и спречување од дискриминација и во истиот се предвидени активности кои ќе бидат финансирани со средства од општинскиот буџет и ќе бидат реализирани во тековната 2020 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.