Традиционалната манифестација „Ден на празот“ во село Градошорци, општина Василево, годинава ќе се одржи по 11-ти пат, на 04-ти ноември 2018-та година (недела) . Во тек се подготовките за манифестацијата а според Програмата, ќе настапат ученици од општинските училишта, културно-уметнички друштва, како и забавна музичка група.
Присутните ќе имаат можност да вкусат од многуте специјалитети од праз, подготвени од локалните домаќинки.
Новина на годинешната 11-та манифестација е тоа што добива една нова, хумана димензија. Посетителите ќе можат да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни.
Општина Василево ги поканува вредните домаќинки и домаќини како и секоја година, со своите специјалитети да ја збогатат трпезата на манифестацијата, покажувајќи ги неограничените можности за употреба на празот, а останати граѓани да дојдат во Градошорци и да уживаат во вкусот на празот и содржините на Манифестацијата, која го промовира празот како здрава храна и овој крај како подрачје во кое се произведува најдобриот праз во државата и пошироко.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.