Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија – Зоран Шапуриќ, оствари посета на општина Струмица. Шапуриќ и првиот човек на општината – Коста Јаневски, разговараа за бизнис климата во општина Струмица и мерките на Владата на Република Македонија за финансиска поддршка на бизнис секторот.
На средбата беа сумирани резултатите од нивната досегашна заедничка активност на промоција и поддршка на струмичките компании, но и за идните активности заеднички да ги охрабрат компаниите да инвестираат и да ги користат владините мерки за финансиска поддршка на инвестиции и за економски раст.
Шапуриќ посети повеќе компании кои добија финансиска поддршка за инвестиции во нова опрема и нови технологии, производни хали и друга производна инфраструктура, за подигнување на конкурентноста, истражување и развој и за вработување на нови работници со плата повисока од 18.000 денари, согласно владините мерки за економски раст.
Тој беше запознаен и со активностите на општината во инфраструктурните проекти кои ќе влијаат на подобрувањето на бизнис климата во струмичкиот регион.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.