Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се запалил струмички автобус кој превезувал војници на АРМ

На 29.10.2018 година во 06:05 часот било пријавено дека на место викано „Кундиска барака“ во атарот на с.Кундино – Пробиштип, дошло до самозапалување на автобус „Марбус“ со струмички таблици, управуван од К.Б.(39) од Пробиштип во кој се превезувале војници на АРМ.

Во пожарот освен материјална штета повредени лица нема.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Пробиштип преземени се мерки за гасење на пожарот. Увид бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип во соодејство со инспектор од ДЗС-Пробиштип и овластени лица од Министерството за одбрана. Известен е и Јавен обвинител од ОЈО Штип.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.