Невладината организација „Здрава котлина“ ги повикува граѓаните на предупредувачка блокада на целокупниот сообраќај на кружниот тек на излезот од Струмица кон Бугарија (кај силосите) а воедно ќе биде блокиран и транзитниот пат. Причините за тоа, како што соопштуваат од „Здрава котлина“ се тоа што и по 20 месеци континуиран отпор против рудникот Иловица-Штука и интензивна аргументација од нивна страна која ги докажува погубните последици од истиот, надлежните државни органи и натаму не го раскинуваат договорот со концесионерот Еуромакс Рисорсис, иако имаат полно законско право на тоа.
Акцијата ќе се одвива под мотото „Сите против рудникот на смртта“. Местото на тргнување кон локацијата на блокадата дополнително ќе биде утврдено. Блокадата ќе се оддржи на 10-ти ноември, со почеток од 11.30 чаот и ќе трае 2 часа. Целта е на сите надлежни институции заеднички да им се покаже дека трпението е изминато и проблемот мора итно да се реши.
Единствените барања на оваа блокада, како што велат од „Здрава котлина“ ќе бидат: Итно одземање на концесијата на компанијата Еуромакс Рисорсис, од страна на Владата на РМ и итно изгласување на измените во Законот за металични и минерални суровини, од страна на Собранието на РМ. Тие велат дека ќе блокираат и протестираат се додека не се исполни нивната единствена цел.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.