Во Струмица почна петтиот меѓународен симпозиум по археологија, под мотото „Култ, Мит, Религија“, во организација на НУ „Завод и Музеј“ – Струмица.
Симпозиумот почна синоќа во хотелот „Сириус“ и ќе трае до 4-ти ноември.
На него учествуваат 21 археолог од Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Турција и Германија. За време на симпозиумот археолозите ќе посетат повеќе културно-историски и религиозни објекти во општина Струмица.
Симпозиумот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.