Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Твитерџија од Струмица заработи кривична пријава поради твит

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018та во 09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А..

И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата е негов и дека тој е автор на објавата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.