Вечерва од 19 часот, во просториите на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе се отвори самостојна изложба на реномираниот академски сликар Горан Боев.
На изложбата ќе бидат претставени најновите дела на Боев, кој на македонската ликовна сцена остави силен впечаток со својот карактер и уметнички израз.
Во неговите дела тој користи геометриски форми и експериментира со боите и формите.
Инаку Боев е родум од Кавадарци и добитник е на наградата „26-ти јули – Франк Манинг“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.