Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица распишува Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.
Оваа награда се доделува како признание на правни и физички лица од оваа општина, но и на лица од други држави, на меѓународни организации и нивни претставници за посебни остварувања во повеќе области, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општината во земјава и надвор.
Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од 10 години како награда за животно дело. Наградите се состојат од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ и паричен износ.
Право за предлагање кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници, како и граѓани – поединци. Предлозите треба да содржат биографија со детално образложение на постигањата. Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација. Предлозите во шест примерока се доставуваат преку пошта или лично во архивата на општина Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 23-ти ноември 2018-та година. Предлозите доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Повеќе информации на следниот линк .







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.