На 7.11.2018-та година (среда) во театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде изведена претставата „Забрането смеење“, со почеток од 20 часот.
Автор на претставата е Миро Гавран, режија – Игор Ивковиќ а улогите ги толкуваат: Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.
„Забрането смеење“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога таа ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.
Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив.
Репризно претставата ќе биде изведена на 10,11,2018-та (сабота) од 20 часот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.