Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Донирани средствата од Манифестацијата „Ден на празот“

Вкупно 18.383 денари собрани на Манифестацијата „Ден на празот“, општина Василево ги донираше за малата Нина Димитриевска од Струмица.

Како што истакна градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, Манифестацијата „Ден на празот“ што на 04 ноември се одржа во населеното место Градашорци, оваа година, за прв пат доби хуманитарна димензија.  На граѓаните им беше понудена можност заедно со дегустацијата на специјалитетите од праз да донираат средства и на тој начин да се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на некој на кој во моментот му е неопходна.

Токму затоа општината како организатор на настанот одлучи средствата да ги донира за лекување на малата Нина.

Јанев додаде дека благодарни се на сите граѓани кои се вклучија во хуманитарната акција и донираа, а на малата Нина и посакуваат успешно оздравување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.