Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се одржи првата сесија од Буџетскиот форум 2018/2019

Во рамките на програмата Форуми во заедницата, општина Струмица по шести пат самостојно го организира и спроведува Буџетскиот форум 2018/2019-та година. Првата од петте сесии на Форумот ќе се одржи в петок (09.11.2018 година) со почеток во 18 часот во големата сала на Домот на АРМ. Раководителот на Одделението за локален економски развој – Тони Милушев, на прес конференција информираше за значењето на Буџетскиот форум како можност, да ги охрабри и вклучи сите граѓани на општина Струмица, заеднички да размислуваат, разговараат, дебатираат и да помогнат во процесот на креирање на локалните политики согласно потребите на граѓаните, како и да придонесат во градењето општина по мерка на граѓаните.

Ова е можност граѓаните да дискутираат и да дебатираат за Развојните програми и проекти како дел од предлог буџетот на општина Струмица за 2019-та година и во тој контекст со своите предлози и идеи да влијаат на локалните политики во сите сегменти, особено да креираат партиципативен буџет за наредната 2019-та година.

На Форумот ќе присуствуваат: Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски и целиот состав на Советот на општина Струмица, раководните структури од општинската администрација и надлежните локални институции, месните и урбаните заедници на сите форумски сесии во рамките на целиот форумски процес, со цел заедно со граѓаните на Струмица да придонесат за доброто на оваа општина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.