Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица отворена изложбата „Нескротлива енергија“ на уметникот Александар Филев

Во центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица, синоќа беше отворена изложбата на познатиот струмички и македонски сликар и мозаичар – Александар Филев.

На љубителите на ликовната уметност, Филев им понуди 100 дела создадени во последните три години. Изложбата насловена „Нескротлива енергија“ за отворена ја прогласи градоначалникот – Коста Јаневски.

„Во оваа импозантна бројка од стотина дела со потписот на Александар Филев, работени во техниката „масло на платно“ а создадени во последните три години, се препознаваат исклучително моќни суштества, како што се коњот, бикот и орелот. Ако коњот е симбол на моќта и издржливоста, бикот на силата, плодноста и доминацијата, а орелот на слободата и воинственоста, тогаш заеднички именител на ова племенито животинско тројство е енергијата која најчесто е нескротлива. Таквата енергија не признава мали пространства, па можеби токму затоа, Филев најчесто ја спаструва на големи платна, давајќи и слобода каква што заслужува“ рече градоначалникот Јаневски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.