Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Активистите против „рудниците на смртта“ порачаа: Ако времето бара ќе умреме и по 1000 пати, но рудници на југоистокот нема да има!

Денес, активистите од „Здрава котлина“, под мотото  „Сите против рудникот на смртта“, блокираа една од попрометните струмички крстосници.

Од говорницата активистите и порачаа на Власта да се откаже од изградбата на рудникот во Иловица и да пристапи кон итно одземање на концесијата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ и носење на законот со кој ќе се забрани употребата на цијанид во рударската индустрија.

Иако првично беше планирано да се блокира кружниот тек кај силосите, на излезот од Струмица кон Бугарија, протестот се одржа во негова непосредна близина поради спрегата која утринава ја имале активистите со локалната полиција и покрај тоа што како што самите изјавија, протестот бил уредно најавен 48 часа пред неговото одржување.

Како што ни посочи еден од организаторите, полицијата им се заканувала со казни поради тоа што сакале да постават озвучување на местото на протестот.

Покрај ова тие ги обвинија и политичките партии за бојкот на денешниот протест со издавање на забрана за присуство на истиот од страна на нивните членови.

Дел од говорниците повторно ги повторија негативните влијанија кои би ги имал рудникот во Иловица врз околината доколку истиот започне со работа и повикаа Власта да не си игра со трпението на народот, па земајќи го примерот со Водно, им порачаа дека за стопирање на работата на багерите се потреби само тројца.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.