Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ патува во Струмица

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ на 14-ти и 15-ти ноември патува за Струмица. Во текот на овие два дена, младите од Струмица ќе имаат можност да гледаат филмови, да дискутираат и да учествуваат на работилници.

Младинскиот филмски фестивал “Џифони Македонија” започна во 2013-та година како иницијатива на Клаудио Губитоси, уметнички директор и креатор на филмскиот фестивал „Џифони“, со билатерален договор со Агенцијата за филм на Македонија и даде доверба да започне нов фестивал под брендот „Џифони“ во Република Македонија. Суштински мотив да се направи фестивал за млади беше недостатокот на млада публика во кината во Македонија.

Фестивалот е вистинско искуство за младите луѓе, со проекции, дебати, работилници, концерти, панели и целото вклучување на градот.

Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ во изминатите неколку години стана основен центар на Балканот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.