Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Започна одржувањето на Собирите на граѓаните во урбаните и месните заедници низ општина Струмица

На иницијатива на градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, од синоќа започнаа Собирите на граѓаните во урбаните и месните заедници на оваа општина. Целта на овие Собири е граѓаните да иницираат предлози за реализација на проекти со средства од буџетот за 2019-та година, со што активно ќе се вклучат во креирањето на општинските политики а кои ќе значат подобрување на условите за живот во градот и населените места.

Со почеток од 19 часот во големата сала на домот на АРМ се одржа Собир со граѓаните од I, III, IV и V урбана заедница, а еден час подоцна, односно, во 20 часот се одржа и Собир со граѓаните од II, VI, VII и VIII урбана заедница. Според утврдениот план, на 14-ти ноември ќе се одржат Собири со граѓаните на Вељуса, Водоча и Баница со почеток во 18, 19 и 20 часот во просториите на училиштата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.