Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Советот на општина Струмица во четврток ќе ја одржи седумнаесеттата седница

Советот на општина Струмица в четврток (15.11.2018 година) со почеток во 11 часот во домот на АРМ ќе ја одржи 17-та седница со следниот дневен ред:

  1. Предлог – План на програмите за развој;
    2. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Општина Струмица;
    3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1262/1, 1714 КО Просениково;
    4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;
    5. Предлог – Решение за именување на општински координатор, модератор, ко-модератор и оперативна група за спроведување на форумски процес – проектен форум за реализација на дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ ;
    6. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈПЕД „Струмица гас“ – Струмица;
    7. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот Одбор за контрола на материјално-финасиското работење на ЈПЕД „Струмица гас“ – Струмица;
    8. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I-VI месец 2018 година.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.