Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Нема одлука за рудникот „Иловица-Штука“ додека не се усогласат ставовите на сите засегнати страни

Нема да биде донесена никаква одлука за рудникот „Иловица-Штука“ додека не се усогласат ставовите на страните кои се засегнати – ова на редовната прес-конференција во Владата го изјави Владиниот портпарол – Миле Бошњаковски.

Бошњаковски истакна дека Владата на Република Македонија нема да направи ништо што е во штета на граѓаните и дека е во постојана комуникација со сите засегнати страни – и со инвеститорот и со граѓаните од регионот. Тој додаде дека во моментов се работи на решавање на процесот, во кој ништо нема да се реши доколку не се постигне заедничка согласност на сите страни.

Граѓаните од овој регион досега повеќепати јавно се изјаснија дека се против изградбата на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Тие на 10-ти ноември одржаа двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица, искажувајќи го своето незадоволство од изградбата на рудникот и притоа барајќи од Владата под итно да ја одземе концесијата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ и да донесе закон со кој ќе се забрани употребата на цијанид во рударската индустрија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.