Здружението на комунални инспектори на Република Македонија, синоќа, во домот на АРМ го одржа своето годишно Собрание. Градоначалникот Коста Јаневски им посака добредојде во Струмица и ги охрабри во вршењето на нивните професионални обврски, нагласувајќи ја неговата и поддршката на општина Струмица.
-Убеден сум дека, на ова Собрание ќе го направите вистинскиот избор на членовите на телата на Здружението и изборот за претседател, со што ќе ги зајакнете сопствените редови кое ќе ви помогне во остварувањето на вашата цел – подобрување на статусот на комуналните инспектори и ваше поактивно учество во носењето на законските решенија кои што ја регулираат областа во која што работите. Ви ја давам мојата поддршка и ве охрабрувам во вршењето на вашите работни обврски, рече градоначалникот Јаневски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.