Во големата сала на домот на АРМ во Струмица се одржа втората форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година. На оваа сесија, градоначалникот Коста Јаневски, општинската администрација и граѓаните разговараа за остварените приходи во буџетот во 2018-та година, планирани приходи во буџетот во 2019-та и планираните расходи за развојни програми за 2019-та година а се направи и избор на програми за дискусија на наредните сесии.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.