Општина Струмица ги поканува сите граѓани на проектен форум за реализација на дел од проектот: „Зајакнување на општинските совети“ на ден 20-ти ноември 2018-та година (вторник) со почеток во 13:00 часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица.
На форумот ќе може да даваат предлози за реализација на проекти од интерес на граѓаните на општина Струмица, пред се од областа на социјалната заштита, од кои низ форумскиот процес ќе се изберат проекти со кои ќе се аплицира преку УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада, за реализација на конкретни проекти на подрачјето на Општина Струмица со грант од 50.000 швајцарски франци.
Присуството на граѓаните, невладините организации, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество во проектниот форум ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот циклус и изборот на проекти предложени и поддржани од граѓаните на општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.