Синоќа околу 18:20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Струмица, непознат сторител извршил оружен грабеж на просторија за брз трансфер на пари, во туристичката агенција „Атлантис“.
Сторителот со секира и се заканувал на вработената и украл 25.000 евра. Потоа го напуштил местото и се упатил во непознат правец.
Од СВР Струмица велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, кој ќе се соочи со кривично дело разбојништво и целосно расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.