Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Комуналец“ – Струмица се подготвува за зимската сезона:утврдени мерки за зимско одржување

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица навремено презема мерки за зимско одржување во текот на зимската сезона, која официјално започнува на 1-ви декември, на целокупната патна мрежа на подрачјето на територијата на Општина Струмица.

Оттаму се потенцира неопходноста од прецизност и оперативност на плановите за зимско одржување на патиштата заради уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.

За таа цел, во магазините и машинскиот парк обезбеден е циклон, технички се подготвени возилата за рапрскување на солта, подготвени се две мали возила за расчистување на пешачките зони, тротоарите, а набавени се и 35 тони сол и 25 тони ризла.

Со цел да се елиминираат одредени слабости, нагласена е  потребата од зголемување на меѓусебната соработка и координација меѓу сите чинители кои се директно поврзани со зимското одржување и функционирање на патиштата, но и потребата од зголемен степен на безбедност  за сите учесници во сообраќајот во зимски услови.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.