Под мотото „Иднината им припаѓа на подготвените“ и „Секој треба да знае прва помош“ во општина Ново Село се одржа акција за евакуација од земјотрес на општинската зграда, во организација на Црвен Крст – Струмица, ТППЕ, ЦУК, ИМП, ДЗС И СВР. Во акцијата учествуваа вработените во општинската зграда, кои беа евакуирани како дел од акцијата и притоа им беше свртено вниманието кон тоа како да постапуваат во кризни ситуации.
Пред општинската зграда беше симулирана и сообраќајна несреќа, во која, во извлекувањето на повредените учествуваа пожарникарите а младите волонтери од Црвен Крст им пружија прва помош, пред да ги предадат на Итната медицинска помош. Целта на симулираната сообраќајна несреќа беше да се сврти вниманието на возачите токму кон оваа сообраќајница и во правец на превенција од можни сообраќајки во овој регион.
Акција за евакуација од земјотрес имаше и во ООУ „Мануш Турновски“ во Ново Село, во која учествуваа вработените и учениците, како и во ООУ „Видое Подгорец“ во село Колешино, во која учествуваа 30 вработени и 91 ученик.
Овие акции имаат цел да ја подигнат свеста кај граѓаните кон сите општествени чинители одговорни за безбедноста во општеството, меѓутоа и за дејствијата на самите граѓани како активни чинители во тој процес.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.