Учениците од СОУ „Никола Карев“ од Струмица одржаа мултимедијален настан „Традиционално модерни“, во Домот на АРМ. Настанот се одржа со поддршка од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието а присуствуваа околу 100 ученици и наставници од струмичките училишта, како и претставници од општина Струмица. По одржаните креативни работилници, учениците и наставниците од СОУ „Никола Карев“ изведоа кратка претстава за „Тримери“, како судир на традиционалното и модерното.
Овој музички и актерски настап на учениците е всушност, финален продукт од нивното повеќемесечно учество во креативни работилници и форум театри. Целта на креативните процеси во коишто беа вклучени младите е да им се понудат креативни алатки и иновативни пристапи кои ќе придонесат за зајакнување на учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната и пошироката заедница и да ги зголемат граѓанската свест и демократското однесување меѓу младите во Македонија.
Во првата година од имплементација на проектот, во рамките на осум средни училишта низ Македонија беа спроведени повеќе од 300 креативни работилници со активно учество на околу 160 ученици од различни етнички заедници. Општина Струмица е меѓу првите општини која се вклучи во овој проект.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.