Годинава по осми пат ќе се одржи поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ во Струмица, во организација на истоименото глобално движење а во соработка со здружението “Контекст-Струмица“. Настанот е всушност дел од меѓународната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ која годишно се одржува во 100 држави, меѓу кои и Македонија.
Темите за инспирација на манифестацијата обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, на планетата земја, проблеми со глобалното затоплување и проблеми со ранливи општествени групи. Целта е да се види дали поезијата има моќ да иницира позитивни промени во државите, во начинот на размислување и односите меѓу луѓето.
На конкурсот кој го распишува оваа манифестација можат да учествуваат автори од сите генерации, кои разработуваат дел од споменатите теми и тоа со една песна и да ги испратат на фејсбук профилот на оваа манифестација, или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 02 декември, по што селектираните автори ќе бидат застапени во Зборникот „100 илјади поети за промена“ кој се издава во рамките на оваа манифестација.
Конкурсот се однесува и за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамките на фестивалот а истите тематски да бидат насочени кон веќе наведените теми. И за нив важат истите правила за испраќање.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.