Ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, учествуваа на манифестацијата „Ноември – месец на наука“, која се одржа во трговскиот центар „Сити Мол“ и на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оттаму се вратија со освоени 7 награди, претставувајќи се со експерименти и демонстрации од своите области.
Тимовите од областа на хемијата, под менторство на проф.Снежана Илиевска-Поповска, составени од учениците: Сара Барбутова и Тамара Томова од I година, со експериментот „Purple haze“, учениците Слободанка Димитрова и Мартин Стојков од III година, со „Вештачка свила“ и Климентина Бусева и Тијана Стојкова од IV година, со експериментот „Бура“, сите со освоено второ место. Дел од експериментите на хемичарите беа и „Блесок“, „ДНК од јагоди“ и „Електролиза со ќерфиите на тато“.
Физичарите учествуваа на 42-та Школа за физичари – дел од оваа манифестација, под менторство на професорите Ванчо Белчовски и Ленче Ефтимова. Ученичките Билјана Витанова и Симона Златанова од II година го освоија првото место претставувајќи се со демонстрацијата „Параболично огледало“, докажувајќи одбивање и насочување на електромагнетни бранови со помош на секојдневни материјали.
Учениците од областа на билогијата, под менторство на проф.Василка Хаџи Котарова – Анастасија Зимбакова и Светлана Иванова освоија II награда со демонстрацијата „Еволутивно усложнување на циркулаторниот систем кај ‘рбетни животни“, додека пак, Афродита Делева и Наташа Дончева од IV година се претставија со темата „Кратковидост и далекувидост“ а Стефани Поповска и Ристе Гудев на тема „Клонирање на растенија во инвитро услови“ и освоија III награда.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.