На 27.11.2018 година, во време од 19:40 часот до 21:30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето М.П (63) од Струмица а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг.
По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.
СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.