„Внимавајте со пороците“ е пораката која младите на „Црвен Крст“ – Струмица, во рамките на своите традиционални активности и со својот партнер МВР – Струмица, ја пренесе на своите врсници преку врсничките едукатори од Клубот на млади.
Едукативни активности преку кои на младите им се укажаа штетните последици од користењето на пороците, како, дрога, алкохол и пушење, беа одржани во две основни школи: ООУ „Видое Подгорец“, во кое беа опфатени вкупно 28 ученици и ООУ „Никола Вапцаров“, во кое беа опфатени 34 ученици. Секој од нив е задолжен, по пат на дисеминација, стекнатото знаење да го пренесе на своите соученици.
Целта на овие предавања е да се сврти вниманието на младите и целокупната јавност за се поголемата експанзија на алкохолизмот, пушењето и дрогата во светот, но и кај нас, односно, подигање на свеста и едуцирање на населението. Болестите на зависност се актуелен проблем како од медицинска и социјална, така и од општествена гледна точка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.