Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Искршена тријазичната табла на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица

Неодамна поставената тријазична табла пред влезот на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, на која називот на институцијата е напишан на македонски, албански и англиски јазик синоќа е искршена.

Како што јави порталот „Лидер“ кои контактирале со директорот на подрачното одделение, таблата ден пред да биде искршена била испрскана со спреј.

Кршењето на ваквите повеќејазични табли, со нивното се почесто поставување, како појава се зголемува, а неодамна беше приведено и првото лице кое се верува дека искршил слична ваква табла во Велес.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.