Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Босилово доби грант во висина од 26.000 евра

Општина Босилово доби грант во висина од 26.000 евра од UNDP за проектот „Подобрување на општинските услуги“. Како што истакна градоначалникот – Зоран Зимбаков, приоритет се даде на набавка на метални контејнери за собирање на смет.

Во план е да се набават 149 контејнери, од кои, како што истакна Зимбаков, околу 20-тина ќе бидат поставени во јавните установи: училишта, амбуланти, градинки, поголеми правни субјекти и слично а останатите ќе бидат распоредени по населените места низ општината. Со тоа, според него, ќе се подобрат условите за подигање на сметот, но и ќе се олесни работата на вработените во комуналното претпријатие.

Општина Босилово е една од селектираните општини во Република Македонија која што е добитник на грантова шема – истакна градоначалникот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.