Пред бизнис заедницата на Струмица беа презентирани активните мерки и програмите за вработување и услугите на пазарот на трудот за 2019-та година на Владата на Република Македонија.
На бизнис средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, вршителот на должноста постојана преставничка на УНДП – Нарине Сахакјан, директорката на Агенцијата за вработување на Македонија – Билјана Јовановска и градоначалникот Коста Јаневски.
Јаневски ги потенцираше потенцијалите на општина Струмица за економски развој а информираше и за проектот „Струмица грижлив град“ чија цел е олеснување на животот на граѓаните во поодмината возраст.
Според Јаневски, Струмица е општина која ги поддржува сите програми и проекти кои нудат преквалификација и стручно усовршување, пред се, на младите луѓе.
Според директорката на АВРМ – Билјана Јовановска, Агенцијата постојано презема активни мерки и политики за вработување, како и најразлични обуки за стекнување дополнителни вештини и знаења со цел полесно вработување.
Како што истакна министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, за 2019-та година обезбедени се рекордни 1,1 милјарди денари за Планот за реализирање на мерките за вработување – средства со кои може да се испланираат повеќе активни мерки за повеќе граѓани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.