На меѓународниот ден на лицата со попречености и официјално беше ставено во функција специјалното патничко возило, донација од Владата на Република Бугарија.
Ова возило ќе се користи за организиран специјален патнички превоз на лица од ранливите групи, првенствено за децата со попречености од сите категории заради решавање на проблемот со превозот. Според градоначалникот Коста Јаневски, со ова се зголемува мобилноста на лицата со попречености, односно, се зголемува нивната пристапност до институциите кои што им се потребни.
Ова возило е донација од Владата на Република Бугарија и ќе се користи согласно Правилникот кој што го донесовме, обезбедивме специјален лиценциран придружник кој што ќе помага во транспортот, општина Струмица обезбеди возач, има точно определени начини и правила како ќе се користи. Специјалното возило ќе им помогне многу на лицата кои што имаат потреба од специјален превоз, бидејќи ќе им ја олесни пристапноста до институциите, рече градоначалникот Јаневски.
Градоначалникот Јаневски оствари средба со претставници на здруженијата на лицата со попречености на која што се разговараше за нивните проблеми и како тие да се решат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.