Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во изградба е тротоар на влезната улица во село Градошорци

Со сопствен буџет од 900.000 денари општина Василево започна со изградба на пешачка патека – тротоар  на влезната улица во  населеното место Градошорци. Вкупната должина изнесува околу 500 метри а ширината е околу 1,5 метри, односно  варира во зависност од условите на теренот.

„Пешачката патека во овој дел од улицата уште од поодамна е неопходност заради потребата да ги подобриме условите во кои се одвива сообраќајот и да ја зголемиме безбедноста  на сите учесници во сообраќајот. Оваа улица всушност е регионален пат кој ја поврзува општина Василево со општина Струмица.  Фреквенцијата на сообраќај е голема, несвојствена за локалните патишта и улици, каде  неретко сообраќаат и тешки товарни возила. Секојдневно улицата ја користат и граѓаните како  пешаци  а и учениците на пат кон и од училиштето. Имајќи ја предвид целокупната состојба а заради зголемување на  безбедност во сообраќајот, пред се на безбедноста на пешаците и учениците,  општина Василево започна со реализација на овој проект“, изјави градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев.

Тротоарот треба да биде готов до крајот на оваа календарска година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.