Филмот „Ругање со Христос“ на струмичанецот Јани Бојаџи премиерно ќе се прикажува во четврток на 6-ти декември, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, со почеток од 19 часот. Картите за филмот веќе неколку дена се во продажба и чинат 150 денари.
Филмот ќе се прикажува и во петок (7.12.2018) и сабота (8.12.2018) во ист термин.
„Ругање со Христос“ на Бојаџи предизвика контроверзии кои ја брануваа Македонија и беше актуелен по негативните реакции од страна на Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и Министерот за култура Асаф Адеми кои филмот го осудиле како скандалозен, без уметничка вредност и дека ги навредува чувствата на Албанците, бидејќи војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.
На премиерата во Скопје, филмот се прикажуваше под полициска заштита, поради заканите кои Бојаџи ги добил од наводни членови на УЧК и оцената на министерот за култура дека филмот е антиалбански.
Филмот зборува за Граѓанската војна во Грција и настаните од 2001-ва година. Емоционална приказна раскажана со прекрасните актерски креации на познати актерски ѕвезди од Македонија, Грција и Франција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.