На 11.12.2018-та година (вторник), во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица со почеток од 19 часот, ќе се отвори самостојната изложба „Трансформирани енформелски форми“ на уметникот Александар Јанкулоски – Цане.
Јанкулоски е сликар/скулптор и еден од основоположниците на македонската современа ликовна уметност, најпознат и најплоден македонски енформелист, кој за првпат во Македонија, во 60-тите години на 20-тиот век, започнал да слика со несликарски материјали како: песок, струготини, горени дрва и бронза. Тој работи и ѕидно, односно монументално и подеднакво штафеларно-минијатурно сликарство, скулптури и негово најпознато дело е некрополата во Свети Николе.
Овој уметник е добитник на бројни признанија низ годините на неговото творештво и е првиот уметник кој во Македонија ја донел апстрактната уметност и енформелот. Неговите дела се наоѓаат на сите континенти во светот.
Инаку, енформелот е гранка на апстрактното сликарство, која се развила по Втората Светска војна.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.