Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Идните иновации во земјоделството се тема на денешната панел дискусија организирана од БИЦ Струмица

На денешната панел дискусија која ќе се одржи во хотел „Глигоров“ со почеток во 12 часот, тема ќе бидат идните иновации во земјоделството и креирање на платформа за квалитетен екосистем за развој на иновациите и претприемништвото во земјоделието на Република Македонија.

На дискусијата учество ќе земат Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски, Јован Деспотовски – директор на Фондот за иновации и технолошки развој како и професори од Македонија и странство.

Дискусијата е во организација на Бизнис Иновацискиот Центар во Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.