Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Екс градоначалникот на Ново Село излезе од затвор

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, кој беше осуден на шест месеци затвор поради обид за шверц со цигари е пуштен на слобода еден месец порано.

Веста ја потврди Борче Цветков, директорот на струмичкиот затвор, кој потврди дека поради примерно однесување на обвинетиот, а споредбено со член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 дена кратење на казната.

Владата на вчерашната седница ја констатираше неотповикливата оставка на поранешниот градоначалник на Ново Село и во најскоро време со одлука на Собранието и ДИК ќе бидат распишани избори во оваа општина за градоначалник.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.