Ученикот при СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, Димитар Џорлев, учествуваше на 15-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа во Габороне, Боцвана заедно со 6-члениот национален тим, каде освои бронзен медал претставувајќи ја Македонија.
Тој беше дел од македонскиот тим составен од учениците Мила Ивановска, Дарко Стојчев, Бисера Јанчевска, Дамјан Јанчевски и Мајкл Георгиевски кои работеа со нивните ментори по физика, хемија и биологија – доц. д-р Ламбе Барандовски, проф. д-р Марина Стојановска и Елена Рафаиловска.
На меѓународната олимпијада учествуваа ученици од 50 земји од светот, ученици од основни училишта, до возраст од 16 години. Учениците беа подготвувани од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.