Од 18.12 до 20.12.2018-та година, во Струмица ќе се промовира алернативната сцена и нејзините суб култури, со цел да станат дел од урбаното опкружување во оваа општина. Овој настан е дел од проектот „Алтернативна Струмица – место за секој уметник и артист“ и дел од Манифестацијата „Млади Европејци 2018-та“. Настанот ќе се одржува во Суб Клуб – Струмица.
Преку зголемувањето на културната понуда и запознавањето на граѓаните со алтернативни области ќе им се остави простор да осознаат богат избор субкултура, а од друга страна ќе се стави акцент на културата како правец да добие третман којшто го заслужува.
Овој проект, заедно со сите пропратни активности нема за цел само да пренесе визуелна порака до граѓаните на општина Струмица, но и преку серија на обуки и работилници да ги поттикне, пред се младите да ги развијат своите вештини, да ги зголемат своите културни капацитети, но и да се слушнат успешни стории на познати македонски етикети и артисти кои прераснале во алтернатива во однос на монотоното културно секојдневие.
Гости на овој настан ќе бидат: Џез квартетот „Shikachi Ensemble“ од Штип, Културно Уметнички Работници, ќе бидат изложени фотографии на Столе Ангелов и Иван Карос Каратанов, заедно со илустрации од VNUG – Zile, настапите на Daktili, Милан Анастасов и Никола Полинчев.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.