Со cвечена седница, вчера Советот на општина Василево одбележа 22 години од своето конституирање и 22 години од воспоставувањето на денешна општина Василево.
Пред членовите на Советот, вработените, соработниците, присутните гости и пријатели на општина Василево, Свечената седница ја отвори и се обрати претседателот на Советот – Крсте Панев.
Тој во своето обраќање истакна дека Советот на општина Василево сака таа што повеќе да се развива и дека одлуките кои ги носи ќе придонесат за нејзиниот понатамошен развој. Притоа упати и благодарност до сите кои, како што рече, со своите предлози, сугестии и критики придонеле да се донесат вистинските одлуки.
Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, кој направи ретроспектива на развојот во изминатите 22 години со посебен акцент на реализираното во последната година.
Заблагодарувајќи им се на сите за придонесот во развојот на општина Василево, градоначалникот Јанев на крајот од своето поздравно обраќање нагласи дека развојот на општина Василево е процес кој трае веќе 22 години и се надоградува и продолжува со секој нов ден. Тоа е континуитет на вложувања и залагања, континуитет на изградба, континуитет во нагорна линија во сите области кои се во надлежност на локалната самоуправа.
За своето работење и придонес во развојот на општината на вработените кои непрекинато работат 10, односно 20 години во општина Василево им беа доделени jубилејни награди.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.