Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

СВР Струмица со превентивна активност за заштита на пешаците во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица, отпочна со превентивна активност наменета за пешаците насловена „Биди видлив“ во партнерство со „Центарот за возила“ – Струмица.

Целта на превентивната активност е подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот, односно пешаците, особено кога временските услови се непогодни ( магла, снег, дожд и сл.).

За таа цел  „Центарот за возила“ од Струмица обезбеди флуоросцентни елеци кои полициските службеници ги поделија заедно со леток со препораки за учесниците во сообраќајот.

Најчесто постарите лица се жртви на сообраќајни несреќи поради грешки на возачите, свои грешки и непочитување на сообраќајните знаци, правила и прописи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.