Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица ја одбележа 16-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Општина Струмица ја одбележа 16-годишнината од загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски. Пред присутните кои денеска му оддадоа почит на пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест во градскиот парк, за животот и делото на Трајковски зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.

-Убавите спомени за човечките и државничките особености на Претседателот Борис Трајковски и денеска не собраа пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест и никогаш нема да дозволат да има заборав за него. Напротив, генерации и генерации ќе ја продолжат убавата приказна за него, бидејќи тој заслужи таков третман од севкупната јавност. И понатаму ќе се прераскажува кој беше и каков беше Борис Трајковски, и тие прераскажувања ќе бидат пренесувани од колено на колено на сите идни генерации, затоа што тој го заслужи своето место во нашата историја. Ние струмичаните и понатаму ќе ги одбележуваме годишнините од неговото раѓање и од неговото прерано заминување од овој свет, затоа што тој го сакаше овој град, ја сакаше оваа земја по која сите заедно чекориме, го сакаше Севишниот Господ – Бог, и ги сакаше луѓето кои се дел од неговото опкружување. Вториот македонски претседател Борис Трајковски беше наш човек и затоа бевме, сме и ќе останеме горди за вечни времиња, рече меѓу другото, градоначалникот Јаневски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.