Во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, на 22.12.2018-та година (сабота) премиерно ќе се одигра претставата „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, со почеток од 20 часот. Режијата, драматизацијата и адаптацијата е на Љупчо Ѓоргиевски, сценографија – Валентин Светозарев, костимографија – Андреј Ѓоргиевски и музика – Марјан Неќак.
Во претставата настапуваат актерите: Коста Ангов, Стојан Велков-Трн, Јулија Милкова, Игор Тодоров, Кире Ѓорѓиев, Ванчо Василев, Јасмина Вучкова, Анкица Бенинова, Ангелина Тренчева-Ангелова, Танкица Стојанова, Стојан Стојанов-Тачи и Ване Трајков.
Веќе се закажани и повеќе репризни изданија на претставата и тоа во вторник (25.12.2018-та) и среда (26.12.2018-та), со почеток од 20 часот. Влезницата чини 150 денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.