Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во тек се повеќе градежни активности во населените места во Струмица

Согласно буџетските програми на општина Струмица за 2018-та година, во тек се повеќе градежни активности во населените места и индустриските зони. Во населеното место Сачево се изведуваат неколку градежни активности, пред се, еден значаен проект – изведување на прописен армирано бетонски пропуст кој што ќе задоволува и одредени архитектонски и градежни норми.

Тука се реновира и Домот на културата, а во моментов се изведуваат градежно занаетчиски работи и наскоро ќе биде пуштен во употреба. Еден дел од овој дом ќе биде отстапен за користење на месното население, односно, на месната заедница.

Се работи и на главниот пат во населеното место Добрејци, каде во моментот се врши санација на прокопите кои што беа неопходни да се направат заради приклучување на канализациониот систем, се поставува еден базен слој на асфалт кој би требало прво да биде крпење на тие прокопи а веднаш потоа се пристапува со асфалтирање на целата должина со претходно одведување на атмосферските води на два пункта кои што беа лоцирани како загрозувачки за овој пат и тоа на самиот влез на главниот пат и некаде на сред село, а кои со години правеа проблем при поголеми врнежи.

Исто така и во индустриската зона Север се пробиваат и тампонираат неколку улици и веднаш потоа ќе следува и асфалтирање на една од главните артерии во оваа индустриска зона.

И во населеното место Раборци започна асфалтирањето на една улица која исто така согласно буџетските програми и барањата на граѓаните, неколку години наназад беше спомнувана.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.