Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржа едукативна конференција на Регионалното здружение на физичари

Во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, викендов се одржа Едукативна конференција на Регионалното здружение на физичари во Струмица на која учествуваа сите наградени ученици, кои во 2018-та година освоиле некоја награда на регионално, републичко и меѓународно ниво, со своите ментори.

На најуспешните физичари од регионот (општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица, Босилово, Ново Село, Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија) им беа доделени признанија во форма на медали. На истиот беше промовиран и Клубот на млади научници „Никола Тесла“ при СОУ „Јане Сандански“.

На конференцијата беа презентирани и неколку проекти поврзани со физиката и природните науки и беа одржани и едукативни предавања за најнапредните физичари во регионот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.