Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица ќе дебатираат за подобра Европа на настанот YEYS

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица е избрано како претставник од Македонија, заедно со уште 33 училишта од држави-членки и кандидати за членство во ЕУ, за учество во настанот „Твоја Европа, твој збор“ 2019-та, каде учениците ќе разменуваат идеи за подобра Европа со стотина нивни врсници и ќе дебатираат за претстојните избори во ЕУ.

Настанот „Твоја Европа, твој збор“ (YEYS – Your Europe, Your Say) е во организација на Европскиот комитет за економски и општествени прашања (EESC – European Economic and Social Committee) и има за цел на младите од Европа да им овозможи да ги споделат своите мислења и истите да стигнат до Европската Комисија, Европскиот Парламент како и до Европскиот комитет за економски и општествени прашања.

YEYS 2019 ќе се одржи на 21-ви и 22-ри март наредната година  во Брисел и на настанот ќе учествуваат 99 ученици. Настанот за 2019-та година ќе им овозможи на учениците да дебатираат и на теми за претстојните избори на Европскиот Парламент кои треба да се одржат од 23-ти до 26-ти мај 2019-та година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.